Иселениците од САД и годинава ќе обезбедат спасувачи на Дебарско Езеро

Дебарските иселеници во САД и ова лето ќе издвојат финансиски средства за нормално функционирање на спасувачи на вода кои ќе се грижат за безбедноста на капачите на Дебарско Езеро.
Одлука за тоа донесе Управниот одбор на татковинското здружение „Дибра“ со седиште во Њујорк. Одлуката е објавена на веб-страницата на друштвото и во неа стои дека „надгледувањето и безбедноста на граѓаните на плажите на Дебрско Езеро е над се“.
На брегот на Дебарско Езеро, во делот кај градската плажа, каде има и најголема посетеност, по подолг период првпат лани имаше спасувачи благодарение на поддршката на иселениците од САД.
Оваа активност ја реализираат во соработка со Општинската организација на Црвениот крст.
Според секретарот на дебарскиот Црвен крст Исни Телќиу, и годинава ќе бидат ангажирани шест спасувачи на вода, кои располагаат со соодветен сертификат. Тие како и ланското лето ќе бидат лоцирани на две локации на градската плажа, во периодот од први јули до 31 август.
- Ова не би можеле да го реализираме ни лани ни годинава доколку не добиевме поддршка од татковинското друштво „Дибра“ на дебарските иселеници во САД. Тие обезбедија финансиски средства за престојот на спасувачи во текот на летната сезона. Од наша страна пред почетокот на сезоната ќе организираме дополнителна обука за спасувачите, како и обука за давање прва медицинска помош при полесни повредеи, се мисли на исеченици, рече Телќиу.
На брегот на Дебарско Езеро во летниот период дневно има по стотици капачи, а за време на викендите и околу две илјади и функционирањето на спасувачки екипи е неопходност.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
