Исечени цевките за довод на медицински гас до операционата сала во болницата во Струга
Пресечени биле бакарните цевки кои спроведувале медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија во Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи, откако во петокот анестезиолог во болницата го пријавил оштетувањето.
„На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои спроведувале медицински гас до операционата сала во зградата“, велат од МВР.
Оштетувањето се случило на 17-то март по 17 часот, кога непознато лице со предмет насилно удирал на цевките на централниот довод за гасови на машинскиот оддел до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата. Потоа, насилникот си заминал.
Констатирано е дека се украдени неколку метри бакарни цевки за азотен оксидул.
Екипа на Полициската станица во Струга извршила увид и работи на случајот.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите