Исчистете превртена кожа со две состојки
Облеката, чевлите или модните додатоци од превртена кожа понекогаш изгледаат многу поубаво од примероците од обиќна кожа, но често ги избегнуваме поради едноставна причина - тешко се одржуваат.
Но постојат интересни трикови кои ќе ви помогнат самите да се справите со овој проблем:
Алкохолен оцет
За темните флеки на превртената кожа употребете го овој трик. Пред да почнете со чистење, на скриено место покрај ѓонот истурете алкохолен оцет и оставете го да се исуши. Ако капката не остави никаква трага, продолжете ја постапката. Натопете парче ткаенина во оцет и со неа нежно потопете ја флеката додека не се намокри, оставете ја кратко да отстои, па пребришете со сува крпа.
Вода
Капките вода на превртената кожа може да остави темни флеки. Овој проблем можете да го решите лесно. Натопете ја крпата во млака вода и пребришете ги целите чевли. Бојата привремено ќе потемни, но кога кожата ќе се исуши ќе се врати нормалната нијанса, а флеката ќе исчезне.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево