Исчезната 28 годишна девојка од Босилово
Веќе една недела нема никакви информации за 28 годишната Марија Брзакова од селото Босилово која се води како исчезната. Таа исчезнала на 18 овој месец во утринските часови и од тогаш и се губи секаква трага. Од семејството апелираат до сите граѓани во државата кои ќе ја забележат или пак имаат било каква информациа да пријават во најблиската полициска станица. Според информациите од семејството облечена е во темни тренерки, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела чанта, мобилен телефон или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.
Од самото пријавување на случајот во потрагата е вклучена и полицијата, но засега нема никакви други подетални информации. Според најавите во потрагата по исчезнатата Марија од утре ќе се вклучат и ловџии од ловните друштва од регионот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти