Исчезнат тетовец пронајден обесен на дрво
Безживотното тело на Б.К.(65) од Тетово било пронајдено вчера околу 15 часот обесено на гранка од костеново дрво во месноста Селимово Брдо покрај патеката што води од Расадиште кон Гајре на падините од Шар Планина, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, телото било пронајдено од 38 годишен тетовец кој собирал старо железо во атарот на селото Расадиште и кој веднаш го пријавил случајот во полиција. Откако полицијата пристигнала на местото го утврдила идентитетот на обесениот Б.К.(65) од Тетово кој пред три денови, во вторникот на 29-ти септември, од најблиските бил пријавен како исчезнат. При увидот во кој учествувале јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина не се констатирани траги на насилство, а безживотното тело на 65-годишниот тетовец било предадено на семејството.
Според полициските информации годинава на поширокото тетовско подрачје случени се три самоубиства од кои две со бесење и еден случај со употреба на огнено оружје. Покрај тоа регистрирани се и 17 обиди за самоубиство, најмногу труења, со таблети и различни токсични течности пред се со средства за хигиена.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение