Исчезна лекарот од Сибир кој го лекуваше Навални
Исчезна сибирскиот лекар кој го лекуваше критичарот на Кремљ Алексеј Навални откако минатата година се разболе за време на авионски лет во Русија, соопшти руската полиција.
Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, информираше дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шума со теренско возило и оттогаш не е виден.
На потрагата се приклучија и служби за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и волонтери на терен.
Мураховски е главен лекар во болницата во Омск, Сибир, каде се лекуваше Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин. Мураховски подоцна беше унапреден во регионален министер за здравство. По напнатите преговори со властите, Навални беше префрлен на лекување од Омск во Германија, потсетува Хина.
Лабораториските тестови во три европски земји, потврдени од глобалниот орган за надзор на хемиско оружје, открија дека Навални бил отруен од нервен агенс Новичок.
Кремљ постојано ги негираше обвинувањата дека руските власти се обиделе да го убијат Навални.
Рускиот опозиционер е во затвор од февруари и тврди дека е таму поради измислени обвинувања.
Ново на Сител
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден