Ирска укинува голем дел од рестрикциите воведени поради Ковид-19
Ирска од денеска ги укинува речиси сите ограничувања што се во сила заради Ковид-19, откако помина низ уште еден бран со огромен број заразени од сојот Омикрон, рече првиот минстер Михол Мартин во обраќањето до нацијата. Ирска минатата недела беше на второ место по новозаразени со коронавирус во Европа, но во исто време е меѓу европските земји со највисоки дози на вакцини, оставајќи многу помалку сериозно болни луѓе отколку во претходниот бран.
– Ја издржавме бурата Омикрон, изјави синоќа Мартин, додавајќи дека бустер дозите на вакцината целосно ја промениле ситуацијата во земјата. Земјата е една од највнимателните во ЕУ во однос на ризиците од КОВИД-19, наметнувајќи некои од најдолгите ограничувања за патување. По совет на здравствените власти, владата одлучи дека нема да има потреба да се затвораат баровите и рестораните во 20 часот (ова беше ограничувањето воведено на крајот на минатата година поради појавата на Омикрон) како и од клиентите да се бараат докази за вакцинација. Затворените отворените простори сега ќе можат да работат со полн капацитет.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
