Иранското разузнавање соопшти дека за време на демонстрациите биле планирани бомбашки напади
Иранската разузнавачка служба соопшти дека спречила неколку бомбашки напади за време на бранот протести што ја зафати земјата во изминатата недела.
Според разузнавачкиот извештај што денеска го објави новинската агенција Мехр, нападите биле планирани од приврзаници на поранешната монархија и припадници на милицијата во градот Табриз во северозападниот дел на земјата.
И покрај ограничувањата на пристапот до интернет, вклучително и мобилниот интернет, имаше непотврдени извештаи за повеќе демонстрации против исламскиот систем во земјата во текот на ноќта, јави ДПА. Најмалку 17 луѓе – а можеби и многу повеќе – загинаа за време на протестите.
Немирите ги предизвика смртта на 22-годишната Иранка Махса Амини. Таа беше уапсена на 13 септември поради кршење на строгиот исламски кодекс на облекување. Таа падна во кома и почина во болница неколку дена подоцна, но не е јасно што ја предизвикало нејзината смрт.
Критичарите ја обвинуваат моралната полиција за употреба на насилство. Полицијата ги отфрла обвинувањата.
Оттогаш, стотици илјади луѓе демонстрираа низ целата земја против владата.
Иран тврди дека демонстрациите се контролирани од странски земји и ирански групи во егзил со цел да ја ослабат земјата или дури и да ја соборат владата. – Протести да, немири не, рече иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
Ново на Сител
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит
-
Калас за упадот на руски дронови во Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас