-->
-->
Иранските залихи на тешка вода кршат ограничувања
-->
Иранские залихи на тешка вода, што може да се искористи за производство на плутониум потребен за атомско оружје, ги надмина границите утврдени со нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
За време на увид, откриено е дека иранските резерви „пораснале на 131,5 тони“ додека биле дозволени 130 тони. Тоа е првпат да се надмине лимитот откако Техеран во мај објави дека постепено ќе престане да се придржува кон договорот.
МААЕ изјави дека на 16 ноември добиле известување од Техеран дека резервите на тешка вода надминале 130 тони.
Тешката вода не е радиоактивна, но се користи во некои делови на нуклеарните реактори како средство за забавување на неутроните создадени за време на нуклеарната фисија. Производството на плутониум е алтернатива за збогатување ураниум за производство на атомска бомба.
Како одговор на еднострано повлекување на САД од нуклеарниот договор и наметнување санкции, Иран престана да се придржува кон голем број ограничувања уште од мај, вршејќи притисок врз европските потписнички да го помогнат да се справат со политиките на Вашингтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите