Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за малку избегнал смрт за време на 12-дневната војна со Израел, пренесе ДПА, повикувајќи се на ирански медиуми.
Иранската новинска агенција „Фарс“ јави дека израелските воздушни сили бомбардирале комплекс на зграда на Советот за национална безбедност на 16 јуни, три дена по почетокот на војната. По нападот, електричната енергија била прекината, се наведува во извештајот. Учесниците на кризниот состанок успеале да се спасат, но некои од нив, вклучувајќи го и Пезешкијан, се здобиле со повреди на нозете.
Во интервју за американскиот водител Такер Карлсон пред околу една недела, Пезешкијан веќе го спомена обидот за атентат врз него, наведувајќи можно протекување на разузнавачки информации. Се шпекулира за инфилтрација на агент, објави „Фарс“.
Во меѓувреме, во иранските медиуми беше споделено видео кое наводно прикажува бомбардирања на планинскиот предел западно од Техеран.
Израел почна војна против Иран на 13 јуни, напаѓајќи цели низ целата земја, вклучувајќи нуклеарни постројки, а исто така убивајќи врвни научници и воени лидери. Иранските вооружени сили одговорија со ракетни напади. И во двете земји имаше жртви, вклучувајќи цивили.
Нешто повеќе од една недела по почетокот на војната, Вашингтон интервенираше и бомбардираше три од најважните нуклеарни локации на Иран.
По 12 дена напади, неочекувано беше објавен прекин на огнот. Сепак, во Иран растат стравувањата од нови напади.
Ново на Сител
-
Без вода дел од Сопиште
-
Прекин на услугите на Google предизвика проблеми за корисниците
-
Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел
-
Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд
-
Трамп: Ќе продолжам да се борам за мир во Украина
-
Вработен во Агенција за храна и ветеринарство не се појавувал на работа а примал плата, четворица надлежни го дозволиле тоа
-
ВМРО-ДПМНЕ предложи уште 16 кандидати за градоначалници
-
ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие