Ирански генерал: Техеран е на работ на конфронтација со непријателот
Командантот на иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, бригаден генерал Хосејн Салами вчера изјави дека Техеран се наоѓа „на работ на целосна конфронтација со непријателот”.
-Овој момент во историјата претставува најрешавачкиот момент од исламската револуција, бидејќи непријателот стапна на полето на конфронтацијата со нас со сета можна моќ, истакна генералот, кој беше назначен на чело на елитната воена формација минатиот месец.
Генералот Салами во неделата изјави дека Иран ќе им нанесе на САД „удар по главата”, ако Вашингтон преземе против Техеран конкретни активности.
Во почетокот на мај САД испратија дополнителни воени сили во реонот на Блискиот Исток, вклучувајќи и носач на авиони, бомбардери Б-52 и ракетни системи „Патриот”. Пентагон соопшти дека овие активности се преземени како одговор на знаците за зголемена готовност од страна на Иран за напади против вооружените сили и интересите на САД во регионот
Ново на Сител
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука