Иранска конзервативна ТВ водителка снимена како без хиџаб пие пиво
Водителката на иранската државна телевизија, Азадех Намдар е снимена во текот на годишниот одмор во Швајцарија, како пие пиво без хеџаб на главата.
Освен што тоа во Исламот е строго забрането, поголем проблем е фактот што Азадех во својата земја јавно заговара дека секоја добра муслиманка не смее да ги покажува своето тело и коса.
Иранските власти ја прогласија за лицемерна, а и јавноста не е блаконаклона.
- Јас седев во парк со членовите од потесното семејство каде жената не мора да биде покриена. Неколку секунди пред тоа ми падна шамијата од главата и непознато лице ги сними овие фотографии, но јас ја носев, тврди водителката.
Таа сепак не објасни од каде се нашло пиво во нејзините раце.
„Од каде и е правото да проповеда нешто во што ни самата не верува“, „Каква лажливка и лицемерна жена“ и „Прави што сакаш, но не прави будали од нас, не се потсмевај со својот народ“, беа само некои од коментарите за фотографиите.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички