-->
-->
Иран тестираше две балистички ракети
-->
Иранската револуционерна гарда тестираше изутринава две балистички ракети, јавија ирански медиуми.
Двете ракети се истрелани во рамки на воената вежба од територијата на северниот дел на Иран и тие погодија цели во југоисточниот дел на земјата, оддалечени 1.400 километри.
Техеран и вчера соопшти дека иранските вооружени сили извршиле нови тестирања на балистички ракети за да ги демонстрираат „моќта на застрашување“ и „подготвеноста на земјата да ги употреби сите расположливи средства во соочување со заканите насочени против територијалниот интегритет на Иран“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг