Иран: Преговорите со САД се можни само ако некои работи се променат
Преговорите со САД се можни само доколку некои работи се променат, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, цитиран од иранските државни медиуми.
Вашингтон чека одговор на неговата покана да преговара за нов нуклеарен договор со Иран.
На почетокот на овој месец, раководството на Исламската Република доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, со кое Иран му даде рок од два месеци да одлучи дали ќе влезе во нови преговори или ќе се соочи со уште построги санкции во согласност со концептот на Трамп за максимален притисок врз Техеран.
Иако иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ја отфрли понудата за разговори, иранскиот министер за надворешни работи во четвртокот рече дека Техеран наскоро ќе одговори на писмото на Трамп.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска