Иран планира зајакнување на вооружените сили поради спогодбата меѓу САД и Израел
Спогодбата, со која Вашингтон му вети на Израел воена помош без преседан вредна 38 милијарди долари, го направи Иран уште порешителене во плановите за зајакнување на својата војска, изјави началникот на Генералштабот на иранската Армија, генерал Мохамед Хосеин Багери.
- Спогодбата меѓу САД и Израел ќе не направи уште порешителни во зајакнување на одбранбените сили на земјата, изјави Багери за иранската државна телевизија.
Вашингтон на Израел му вети воена помош вредна 38 милијарди долари со потпишувањето на новата десетгодишна спогодба, која го опфаќа периодот од 2019 до 2028 година.
Согласно договореното Израел ќе добива 3,3 милијарди долари годишно за воено финансирање, што е повеќе од 3,2 милијарда долари, колку што моментално прима во текот на една година, како и 500 илјади долари годишно за ракетна одбрана.
Ново на Сител
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје