-->
-->
Иран: Најмалку 165 лица се повредени во вчерашниот земјотрес
-->
Најмалку 165 лица се повредени во земјотресот кој вчера го погоди Иран.
„Како резултат на денешниот земјотрес во градовите Хои и Селмас повредени се 165 лица“, се вели во соопштението на гувернерот на провинцијата Западен Азербејџан.
Локалните медиуми прецизираат дека во болница се примени 75 лица.
Два земјотреси со јачина од 5,3 степени беа регистрирани на неколку километри од градовите Хои и Урмија.
Шест екипи на Црвената полумесечина се испратени во областа за проценка на штетите, соопштија локалните власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
