Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа предупреди дека неговата земја ќе одговори „порешително“ во случај на нови напади од страна на САД и Израел.
Се чини дека Арагчи реагира на новите закани упатени вчера од американскиот претседател Доналд Трамп.
-Ги уништивме нивните нуклеарни капацитети. Тие можат да започнат одново, но ако го сторат тоа, ние ќе ги уништиме во еден миг, рече Трамп за време на престојот во Шкотска, осврнувајќи се на Иран.
„Доколку се повтори агресијата, нема да се двоумиме да реагираме порешително“, напиша иранскиот министер на „Х“. „Доколку има загриженост за можно пренасочување на нашата нуклеарна програма за немирни цели, воената опција се покажа како неефикасна, но договореното решение би можело да функционира“, додаде тој.
На 13 јуни, Израел започна бомбардирање против Иран, при што загинаа високи функционери и научници поврзани со нуклеарната програма на Иран, како и стотици цивили. Иран одговори со испукување ракети и дронови кон Израел. Војната траеше 12 дена.
За возврат, Соединетите Американски Држави ги нападнаа клучните нуклеарни постројки во Фордо, Исфахан и Натанц.
МИА
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука