-->
-->
Иран гради нова нуклеарна електрана
-->
Иранската Агенција за атомска енергија соопшти дека во југозападниот дел на Иран почна со изградба на нова нуклеарна електрана.
Директорот на иранската Агенција, Мохамед Еслами истакна дека изградбата ќе трае седум години.
– Нуклеарната централа од 300 мегавати ќе чини меѓу 1,5 и 2 милијарди долари – наведе Еслами.
Иран има нуклеарна централа во Бушер, на југот на земјата, со капацитет од 1.000 мегавати.
– Новата централа првично требаше да ја изгради француска компанија, која подоцна се откажа – посочи Еслами, додавајќи дека поради санкциите и другите земји избегнуваат соработка со Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
