Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма
Разговорите помеѓу Техеран и САД во врска со иранската нуклеарна програма стануваат „бесмислени“, објави иранското Министерство за надворешни работи, после израелските воздушни напади.
“Другата страна (САД) дејствува на начин што го прави дијалогот бесмислен”.
“Не можете да тврдите дека преговарате, а во исто време да ги делите задачите дозволувајќи му на ционистичкиот режим (Израел) да ја таргетира иранската територија”, изјави гласноговорникот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, цитиран од новинската агенција Тасним.
Тој истакна дека Израел „успеал да влијае“ врз дипломатскиот процес и дека израелските напади не би се случиле без дозвола од Вашингтон.
Техеран и претходно ги обвини САД за соучесништво во израелските напади, но Вашингтон ги отфрли овие тврдења.
Американскиот претставник во Советот за безбедност на ОН изјави дека би било „мудро“ Иран да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма.
Шестата рунда американско-ирански преговори требаше да се одржи во Оман во понеделник.
Иран демантира дека неговата програма за збогатување ураниум е наменета за било што друго освен за мирни цели и ги отфрла обвинувањата на Израел дека тајно развива нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и неговиот тим биле запознаени со плановите на Израел да го нападне Иран, но потенцираше дека се уште постои можност за постигнување договор.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници