-->
-->
Иран: ЕУ не побара детали за производството на делови за центрифуги
-->
Иранската агенција за атомска енергија негираше дека Европската унија побарала детали за производството на делови за центрифуги во Иран.
Во извештајот објавен денеска на интернет страницата на иранската национална телевизија се цитира портпаролот на нуклеарната агенција на земјата Бехруз Камалванди, според кого по официјален пат недобиле такво барање.
Вчера американските медиуми пренесоа дека Европската унија инсистира Иран да обезбеди детален извештај за производството на делови за машини кои можат да се користат за правење на јадро на нуклеарно оружје.
Нацрт-декларацијата ќе биде претставена следната недела на седница на Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Камалванди ја оцени информацијата како неоснована.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња