Ирак го ублажува ембаргото кон Курдите: Прв лет од аеродромот во Ербил

Авион со 150 патници полета од меѓународниот аеродром во градот Ербил, во ирачки Курдистан вчера вечер, носејќи ги патниците на аџилак во Саудиска Арабија. Ова е првиот лет што ирачките власти дозволија да полета од Ербил од септември, кога аеродромот беше затворен како резултат на курдскиот референдум за независност.
Ирак и соседните држави, Иран и Турција, остро се спротиставија на референдумот за независност на ирачките Курди, и една од мерките што ги преземаа беше забрана за меѓународни летови. Властите во Багдад се согласија да го ублажат ембаргото за да им овозможат на неколку илјади ирачки Курди кои се пријавија да го извршат аџилакот умра, да можат да ја посетат Саудиска Арабија. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади најави дека ембаргото може целосно да биде укинато во текот на март, во чест на пролетниот фестивал Невроз.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
