Ирак бара повлекување на турските војници од околината на Мосул

Владата на Ирак побара од Турција, веднаш да ги повлече своите војници, што беа испратени во околината на Мосул, кој од јуни минатата година се наоѓа под контрола на Исламска држава (ИД).
Во соопштението на ирачкиот премиер Хаидер ал Абади, објавено во Багдад, се вели дека ваквото решение на владата е донесено откако е утврдено дека турските војници „сериозно го прекршиле суверенитетот на Ирак“.
Околу 150 турски војници се стационирани во реонот на градот Башика за да помогнат во обучувањето на силите на ирачките Курди.
Во службеното соопштение на ирачката влада, се повикува Турција „да ги почитува добрососедските односи и без одлагање да ги повлече своите војници кои сега се на ирачката територија“.
Аналитичарите во Багдад посочуваат на необичната ситуација- Турција да има добри односи со курдската автономна област во Ирак, но крајно непријателски да се однесува кон Курдите во Сирија, во близината на сириско-турската граница.
Паѓањето на Мосул, вториот по големина град во Ирак, се означува како клучен момент за подемот на ИД.
Ирачката армија најавуваше офанзива за ослободување и преземање назад на Мосул, но таа на неколкупати беше одложувана.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
