Ирачките сили почнаа офанзива против ИД во западните делови на земјата

Ирачките сили денеска презедоа офанзива за ослободување на градовите во западниот дел од земјата, во близина на границата со Сирија, што се под контрола на групата Исламска држава (ИД), соопштија ирачки воени претставници.
- Почнавме воена операција за ослободување на западните региони на провинцијата Анбар од ИД, изјави еден од командантите на операцијата, потполковник Касем Мохамеди.
- Операцијата ја спроведува 7-та армиска дивизија, единици на полицијата и борци од локалните племиња, поддржани од авијацијата на меѓународната коалиција под американска команда, прецизира тој.
Првата цел на офанзивата е месноста Анах, по која ќе следат Рава и Ал Каим на 330 километри северозападно од Багдад, на брегот на реката Еуфрат.
- Нашите сили напредуваат од Хадиса во правец на Анах, изјави Мохамеди.
Хадиса, на 200 километри северозападно од Багдад, е третиот по големина град во провинцијата Анбар, и се наоѓа во близина на второто по големина вештачко езеро во Ирак. По молневитата офанзива на ИД во јуни 2014 година градот беше цел на многубројни џихадистички напади, но локалните племиња успеаја да им парираат.
Во меѓу време, најмалку девет лица се убиени во напад со автомобил-бомба во доминантно шиитски кварт на Багдад, соопштија полициски извор.
Автомобил наполнет со експлозиви бил кренат во воздух во близина на отворен пазар за овошје и зеленчук, во кој загинале шест цивили и двајца полицајци. Во нападот се ранети и најмалку 15 други лица.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
