Ирачките сили невлегоа во центарот на градот Хит, кој е под контрола на ИД
Елитните ирачки единици за борба против тероризмот соопштија дека навлегле во центарот на стратешкиот град Хит во западен Ирак, кој е под контрола на Исламска држава.
Операцијата за преземање на контролата врз ова мало населено место на брегот на реката Еуфрат, која почна минатиот месец, беше стопирана од политички причини, жестокиот отпор, кој го пружаше ИД и десетиците илјади граѓани, кои беа блокирани таму.
Ирачките единици влегоа во Хит во понеделникот поддржани од жестоките воздушни напади. Меѓународната коалиција, предводена од САД, по обновувањето на операцијата минатата недела изврши над 18 воздушни напади во градот.
Хит се наоѓа на главниот коридор за снадување на ИД, кој ги поврзува териториите под контрола на ектремистичката групација во Ирак и Сирија. Преку него ИД пренесува борци и оружје од Сирија кон Ирак.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје