Ирачките сили го зазедоа последното големо населено место пред Мосул
Ирачките безбедносни сили, кои се приближуваат на север по течението на реката Тигар кон Мосул, го зазедоа последното големо населено место кое се наоѓа пред вториот по големина град во Ирак, изјави полициски командир.
Силите на федералната полиција влегле во кварт во Хамам ал Алил, на околу 20 километри јужно од Мосул, кој е упориште на групата Исламска држава и веќе неколку дена е мета на напади од ирачката војска.
- Нашите единици влегоа во квартот Салахија на Хамам ал Алил. Гратчето е ослободено од повеќе од една страна и сметам дека во следните часови ќе можеме да му соопштиме на ирачкиот народ дека е целосно исчистен Хамам ал Алил и околината, истакна полицискиот генерал Тамер ал Хусеини.
Борците на ИД, кои се повлекуваат на север од Мосул, принудиле илјадници жители на околните села и гратчиња да патуваат со нив, користејќи ги како жив штит против воздушните напади.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница