ИОК ќе го разгледа предлогот за вклучување на четири „егзотични“ спортови во програмата на Олимпијадата 2024

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе преговара со организациониот одбор на Олимпијадата 2024 во Париз и меѓународните федерации за да утврди кога ќе се донесе конечната одлука за вклучување на егзотични спортови во програмата на Игрите.
Се работи за брејкденс, скејтбординг, сурфање и спортско искачување. Овие четрири спортови беа прелиминарно вклучени во програмата „Игри -2024“ по добивањето одобрение од ИОК минатиот јуни.
Конечната одлука беше планирана да биде донесена во декември 2020 година по 18 месеци набудување.
Скејтбордингот, сурфањето и искачувањето требаше да го направат своето деби на Олимписките игри во 2020 година во Токио, кои беа одложени поради коронавирусот до 2021 година.
Можно е ИОК да избере друга дисциплина за своето деби во Париз-2024 година.
Спортскиот директор на ИОК, Кит Меконел изјави дека нема одговор на прашањето дали одлуката ќе биде донесена на состанокот на Извршниот совет на организацијата предвиден да се одржи пред Олимпијадата во Токио, или по Олимпијадата.
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
