-->
-->
Инзаги: Интер по секоја цена сакаше финале во Купот на Италија
-->
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја истакна големата желбата на неговиот тим да игра во финалето на Купот на Италија. „Нероазурите“ синоќа во полуфиналето го совладаа Јувентус со 1:0 и со вкупни 2:1 одат во завршницата.
-Прекрасна вечер, двата тима одиграа интензивно од првата до последната минута. Очигледно мојот тим по два натпревара заслужи да се пласира во финалето. Многу сме задоволни бидејќи по секоја цена сакавме да се вратиме во Рим. Не отстапивме ниту сантиметар од нашата цел. Имавме и офанзивни и дефанзивни периоди. На крај имам добри впечатоци од натпреварот, изјави Инзаги.
Во финалето на Копа Италија, Интер ќе се соочи со поуспешниот од пресметката Фиорентина – Кремонезе (2:0 прв натпревар).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
-

ЦУК во координација со институциите: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
-

Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
