Интерпол распиша жолта потерница за исчезнaтата Данка Илиќ од Србија

Меѓународната полициска организација Интерпол распиша жолта потерница поради исчезнување на двегодишното девојче од Србија Данка Илиќ.
На веб-страницата на организацијата се наведува дека девојчето може да се препознае по висечката брадавица на левото уво, како и бенка со неправилна форма и малку темна боја на левата надлактица.
Освен тоа, се вели дека девојчето е високо околу 85 сантиметри, со кафена коса и кафени очи.
Жолта потерница се издава во случај на потрага по исчезнати лица или со цел да се идентификува лице кое не може да се легитимира.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а денеска е шести ден од потрагата по неа.
Во меѓувреме, Амбасадата на Србија во Виена апелираше до своите граѓани кои живеат таму, во случај да ја видат малата Данка веднаш да ја известат српската или австриската полиција. Повикот следува откако Србин кој живее во Виена објави видео со девојче кое наликува на исчезнатата Данка, а полицијата работи на нејзина идентификација и пронаоѓање.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
