Интернационалната полициска асоцијација обезбеди помош за социјално загрoзени семејства во Охрид
Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска, на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи. Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реалииорана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.
- На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење и ќе се реализира и во Струга, Кичево и Дебар, како подрегиони на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, информираше м-р Стефан Димоски, Претседател на ИПА регион Охрид.
Интернационалната полициска асоцијација е независно тело составено од членови на полициската служба, без разлика дали се во активна служба или пензија, и без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Тоа е цел за да се создаде обврска кон пријателство и да се промовира меѓународната соработка врз основа на начелата утврдени во декларацијата за човекови права усвоена од страна на Генералното собрание на ОН во 1948 година. Мотото на ИПА е SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор