Интернационална младинска конференција во Крушево
Околу 60 млади од 16 држави од Југоисточна Европа од денеска до вторник во Крушево ќе дебатираат за креирањето на новите перспективи на младите луѓе и нивното учество во општествениот живот.
Конференцијата насловена како „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“ ја организира Младинскиот сојуз од Крушево под покровителство на германската фондација „Фридрих Еберт“ и со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.
Целта е младите заедно со академската средина и политичарите кои се занимаваат со оваа проблематика да ги искажат своите ставови, да разменат искуства и да донесат заеднички заклучоци во промовирањето на европските вредности како иднина на земјите од Југоисточна Европа и креирање на европски перспективи преку разбирањето на вредностите кај младите луѓе.
На конференцијата ќе бидат опфатени повеќе актуелни теми како употреба или злоупотреба на Европските фондови, миграцијата како европско право, креативноста како клуч за вработување од соништата, кој ја гради реалноста – ние или медиумите, дали радикалните идеологии претставуваат закана за демократијата...
Најавено е учество на повеќе експерти од неколку држави.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица