Loading Video...
Фудбал
30. October 2018 - 13:14

Интер лесно до трите бода гостувањето кај Лацио

Иако го носеше приматот „дерби на колото“ меѓу Лацио и Интер не ги оправда очекувањата, особено од домашниот тим. 
 
На средбата одиграна во Рим, гостите од Милано доминираа во текот на целиот меч и заслужено остварија убедлива победа со 3-0. 
 
Два од трите гола за Интер ги постигна Аргентинецот, Мауро Икарди првиот во 28-та, а вториот во 70-тата минута, додека во меѓувреме во листата на стрелци се впиша и Хрватот, Марцело Брозовиќ (41.минута). 
 
Интер се врати на второто место на табелата со 22 бода колку што има и Наполи на третото место, додека Лацио е четврти со 18, а лидерот Јувентус има 28 бода.