Интензивно се чисти снегот во Струга и Струшко
Улиците и патиштата на територијата на Општина Струга се чистат и засега нема поголеми проблеми, информира претседателот на Општинскиот штаб за кризи Абдула Ќазимоски.
За одржување на улиците во градот и руралните средини, нагласи дека се ангажирани повеќе фирми, но на терен се и екипите на Јавното комунално претпријатие.
- Засега нема некој поголем проблем, а и снегот не беше со голем интензитет. Поголем проблем може да направат ниските температури во вечерните часови со формирањето мраз. Генерално сега е добро, се надевам дека добро ќе се справиме со сите можни потешкотии, изјави Ќазимоски за МИА.
Општината, подвлече тој, е подготвена и за поголеми врнежи од снег.
- Вчера имавме состанок со претставници на сите релевантни институциите: Брзата помош, Центарот за јавно здравје, Полициската станица, ЕВН... и генерално сите се подготвени за секој поголем зафат ако е потребен. Мислам дека нема да има поголеми проблеми, заклучи Ќазимоски.
Претседатлот на општинскиот штаб за кризи истакна дека годинава добро се исчистени и речните корита и нема да предизвикаат проблеми и излевања.
- Имаме проблеми во селата кои ги спојува реката Црн Дрим затоа што каналите надоаѓаат и се излеваат низ патиштата што предизвикуваше проблеми за возачите, рече Ќазимоски.
Во повисоките струшки села снежната покривка изнесува и над 20 сантиметри.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД