Интелигентните луѓе потешко се вљубуваат

Љубовта секогаш не може лесно да се разбере, како ниту сопствените чувства. Психолозите тврдат дека паметните луѓе потешко се вљубуваат поради неколку причини.
1. Ги анализираат и своите и чувствата на другите
Паметните луѓе се прави експерти во собирање на информации и донесување на различни заклучоци, што може да биде предност и недостаток, бидејќи се склони да побегнат од врска и на првите знаци од некој проблем.
2. Им треба време за да се отворат
Интелигентните луѓе потешко се отвораат бидејќи знаат и разбираат дека тоа е своевиден ризик за каква било врска. Затоа често делуваат ладно и отуѓено.
3. Се раководат од претходните искуства
И тоа е една од замките на паметните луѓе. Тоа што било причина за прекин на претходната врска, не значи дека ќе пречи на идната, но ним тоа им е потешко да го сфатат.
4. Тоа што се сами е нивен свесен избор
Интелигентните луѓе јасно согледуваат дека е подобро и попријатно да се биде сам отколку со некој што не им одговара. Тоа е нивна свесна и добро промислена одлука.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
