-->
-->
Интегрирано дејствување за намалување на миграциите, конференција во Пехчево
-->

Суштински мерки за ублажување на проблемот со иселувањето, дополнителни стимулации на луѓето кои живеат во руралните области и координација меѓу образованието и потребите на бизнис-секторот се дел од заклучоците кои беа промовирани во Пехчево на денешната завршна конференција од проектот „Преку интегрирано дејствување до намалување на миграциите“ кој изминативе месеци го работеше НВО „Амброзија“ од Пехчево со финансиска поддршка од Цивика мобилитас.
Ирена Мирчовска од НВО Амброзија,информира дека овие заклучоци произлегоа од неколкуте дебати и работилници со жителите од општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.
- За решавање на ова прашање потребно е сериозен системски приод, иницирање на заедничко дејствување и вклучување на сите засегнати страни за прашањето за миграциите да се стави на малку повисоко ниво и исселувањето да не биде табу тема туку да се третира како сериозен проблем. За да постигнеме било што, треба да допреме до креаторите на политиките, кои ќе доведат до промени во политиките и преку заедничко делување на национално ниво ќе можеме да придонесеме за локални промени, рече Мирчовска.
Јасмина Пашалиска- Андонова од оваа невладина организација потенцираше дека проблемот со иселувањето е загрижувачки, направените анкети потврдиле дека 64 проценти од младите од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица сакаат да ја напуштат државата. Како причини се невработеноста и ниските плати, но и диспаритетот што се јавува во однос на нето- платите по региони, каде истокот е со најмала просечна нето-плата која изнесува околу 16 илјади денари.
- Овие заклучоци се поттик за понатамошно дејствување од наша страна и соработка и врмрежување со други организации кои работат на оваа проблематика. Потребно е вклучување и на општините, бизнис секторот на институциите се со цел заеднички да се делува за да се сопре иселувањето, рече Пашалиска-Андонова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
