Македонија
5. October 2015 - 16:27

Инстант лозот Среќни коцки донесе добивки за две пензионерки

Две пензионерки, едната од Битола, а другата од струмичко Ново Село минатата недела изгребаа добитни лозови на Инстант лотаријата „Среќни коцки“ на Државна лотарија на Македонија.

Пензионерката од Ново Село, која и досега освоила повеќе добивки, овој пат на инстант-лотарија која најмногу ги привлекува играчите на играта Јамб, добитниот лоз го купила во продажното место „Аида“, а и донесе 1.000.000 денари што е и најголемата добивка од овој инстант лоз.

Во Битола пак во продажното место „КРИСМИ“, уште една пензионерка, редовен играч на игрите на среќа, гребејќи „Среќни коцки“ стигна до своите 100.000 денари.