Инсталирани повеќе нови канализациони мрежи во Гевгелиско
Со околу 50 милиони денари, општина Гевгелија во повеќето населени места инсталира нови канализациски мрежи кои беа приоритетни проекти во програмата за подобрување на квалитетот на живеење што ја реализира тимот на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.
Инаку, денеска заврши изградбата на новата канализациска линија во селото Моин за која беа потрошени 8,3 милиони денари, а во завршна фаза се работите околу поставувањето на канализација во селото Давидово која ќе чини 8,9 милиони денари.
- Овие два проекта ги реализираме со средства од ИПАРД програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.Во Давидово малку доцниме со реализацијата поради проблеми со земјиштето и некои измени и дополнувања што беа направени на проектот. Пречките се отстранети и очекуваме канализацијата и во Давидово да биде готова наскоро, информираат надлежните од Општина Гевгелија.
Претходно, со финансиска помош од програмата за канализациски системи на Министерството за транспорт и врски беа изградени и предадени во употреба канализациските мрежи во Прдејци и Мрзенци за што се потрошени 31 милиони денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален