Инсталација „City Tree“ за прочистување воздух во општина Аеродром

Инсталација „City Tree“ која придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот, е поставeна во населба Аеродром. Станува збор за биолошки филтер кој го прочистува воздухот од штетни материи, како азотни и сулфурни оксиди, јаглерод диоксид и моноксид и ги отстранува тешките метали.
Од општината Аеродром информираат дека преку го добиваат првиот „City Тree“ на својата територија.
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин истакна дека буџетот за заштита на животна средина го зголемиле за 20 пати споредено со минатата година, односно алоцирале околу 300.000 евра за заштита на животна средина.
- Борбата за почист воздух е моја лична заложба и еден од основните приоритети на оваа локална самоуправа. Во рамките на предвидените мерки се стремиме да поттикнеме и вакви иновативни решенија. City tree ја подигнува јавната свест и претставува своевиден потсетник дека сите треба да сме активни чинители за чиста животна средина. За него ја одбравме токму оваа локација, како една од најфреквентните за моторни возила, но и за пешаци, рече Марин.
Додаде дека општина Аеродром продолжува активно да работи во насока на обезбедување чиста животна средина за жителите.
Инсталацијата „City Tree“, која ја обезбеди Триглав Осигурување, во партнерство со Еко-свест, како изведувач, претставува иновативна структура од мов со моќ на прочистување на воздухот од штетните честички на прашина и други гасови.
Таа е совршена комбинација од новата технологија и прочистувачката моќ на растенијата, што ја прави самоодржлива и долготрајна вертикална градина, пријатна за очите и корисна за сите. Го неутрализира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина. Има прочистувачки ефект како 275 дрвја и е извонреден начин за справување со климатските промени, бидејќи нуди разладување од 17 степени во радиус од пет метри поради природната функција на растенијата.
Ново на Сител
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
