Инспектори од Град Скопје интервенирале по дојава за запален оган - затекнати се три малолетни лица
„Дежурни инспектори, вчеравечер, по пријава на граѓани интервенираа на сузбивање на оган на отворено во Злокуќани (позади објектот на Тинекс) во дива населба. На лице место беа затекнати малолетни лица кои запалиле смет во напуштени објекти. Дежурните инспектори извршија едукативни активности и разговор со родител. Контролите против палењето огнови на отворено периодов ќе продолжат да се реализираат со зголемен интензитет. Изминативе денови, зачестена е појавата на намерно запалени огнови на отворено. Дежурните градски тимови досега интервенираа на огнови на отворено во неколку наврати на Вардариште, Маџари и Горно Лисиче.Градот Скопје апелира граѓаните штом забележат оган на отворено, да не чекаат туку веднаш да го пријават на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени