Инспекторатот за труд и ССК заедно против сивата економија
Сивата економија и честото менување на законските прописи сé уште се едни од најгорливите прашања за бизнис заедницата. Како што беше речено на денешната прес-конференција во Сојузот на стопанските комори (ССК), сите треба да учествуваат во системот на државата под еднакви услови, а не да наоѓаат начини да го заобиколат.
-Борбата против сивата економија е една од главните работи што ќе ги спроведуваме. Тоа е рак рана на секое општество и главна причина за пореметување на работата на добрите стопанственици. Но, има и чести измени на законските одредби поради кои некогаш работодавачите не можат да се снајдат. Тука сме ние да помогнеме во едукативниот дел, рече директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљајдим Хавзиу по потпишувањето на Меморандумот за соработка со ССК.
Од Сојузот порачаа дека процентот на сивата економија може да се намали ако инспекциските служби изградат партнерство со приватниот сектор.
-Инспекциите треба да делуваат пред се едукативно, да бидат брзи, ефикасни и фер кон компаниите, транспарентни и квалификувани за да донесуваат одлуки базирани на докази. Државниот инспекторат за труд е позитивен пример, бидејќи во заедничката борба со сивата економија е единствена институција која знаеме дека има изречено глоба по Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, кој во моментов е наједноставниот механизам кај нас кој го имаме за справување со сивата економија, рече потпретседателот на ССК, Габрила Кулебанова.
Кулебанова истакна дека сивата економија и нелојална конкуренција го кочат развојот не само на економијата, туку и на државата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа