Информативни сесии за Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата
Министерството за култура соопшти дека ќе организира информативни сесии за сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018.
Од Министерството инфорамираат дека целта е сите заинтересирани да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации, кои им се потребни за подготвување на поуспешна апликација.
Првата информативна сесија ќе се одржи на 25 октомври со почеток во 15 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје на Националната галерија на Македонија (седум паралелни инфо - сесии за сите конкурсни пријави по дејности), втората ќе се одржува онлајн на 1 ноемвр од 14 до 16 часот на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура: https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/ ;
Третата информативна сесија ќе се одржи на 8 ноември со почеток во 15 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје на Националната галерија на Македонија (седум паралелни инфо- сесии за сите конкурсни пријави по дејности).
Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година е распишан на 30 септември. Последен рок за пријавување на конкурсот е до 15 ноември.
Информации за конкурсот и документите за аплицирање можат да се пронајдат и подигнат на линкот: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018-
Ново на Сител
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“