Информации за условите за „Купи куќа, купи стан“ на едно место

Информации за проектот „Купи куќа, купи стан“ од денеска до 8 декември граѓаните може да добијат на саемот што се одржува во Скопје сити мол. На сите заинтересирани на едно место им се достапни информации од Министерството за финансии, банките што се вклучени во проектот и градежните компании, и како да аплицираат за него.
Проектот, кој им дава поддршка на граѓаните да стекнат сопствен дом, има променти услови од годинава, односно меѓу промените е пониската каматна стапка.
Така за одобрување субвенциониран станбен кредит за моделите каде што се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка е намалена од 3,95 на 2,9 отсто, додека за четвртата и петтата година каматната стапка е намалена од 4,44 на 3,9 отсто. И кај моделите каде што се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5 отсто + ЕУРИБОР на 4 отсто + ЕУРИБОР.
Понудени се и нови модели, особено поволни за младите на возраст до и наполнети 35 години. За купување стан, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50 на 70 отсто. Исто така, зголемена е и субвенцијата за моделите каде што се субвенционира учеството од 50 на 70 отсто.
Годинава се одвоени два милиони евра за субвенции, а проектот е предвидено да продолжи и следната година, за кога се планирани во буџетот 125 милиони денари.
Оваа година има доделено 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра, а само последните три месеци има доделено 61 кредит. Од вкупно одобрените кредити годинава за млади се 48. За станови се 71 од одобрените кредити, а останатите се за куќи. Се очекува до крајот на годината да има околу 150 доделени кредити.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
