Инфоден за Развој на проекти и Филмски фестивали од потпрограмата МЕДИА
Пред завршувањето на крајните рокови за три повици на потпрограмата МЕДИА на програмата на ЕУ „Креативна Европа“, денеска беше организиран инфоден за заинтересираните кои сакаат да аплицираат за некој од објавените повици. За ТВ програмирање крајниот рок за пријавување е 16 ноември, а за Развој на проекти и за Филмски фестивали крајниот рок е 23 ноември.
Владимир Стојчевски од Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА на презентацијата рече дека за две години, колку што Македонија е членка на МЕДИА, поддржани се два фестивала, два поединечни проекти, има поддршки за дистрибуција - селективна и автоматска, и онлајн-патформа.
- Така што, согласно со големината на земјата на пазарот, резултатите како за нова земја сега-засега се добри и во споредба со земјите од регионот дури имаме и подобри резултати од некои земји што се подолго време од нас во програмата, изјави Стојчевски.
Поддршката која може да се добие преку МЕДИА се дели на три глобални категории - поддршка за развој на продуценти, поддршка за дистрибуција и поддршка за маркети, фестивали и усовршување/тренинзи.
Стојчевски соопшти дека во однос на фестивалите се доделуваат фиксни суми - за долгометражен филм од 27.000 до 75.000 евра, а за краток филм од 19.000 до 33.000 евра. Сумите кај фестивалите, рече тој, зависат од тоа колку европски филмови фестивалот има во програмата.
- Она што е важно за фестивалите е дека фестивалот како минимални услови коишто треба да ги исполни е да има филмови од најмалку 15-земји членки на МЕДИА во програмата и најмалку 70 проценти од програмата треба да му биде составена од европски филмови. Иако, самото прикажување на филмови не е доволно, затоа што фестивалот мора да прикаже многу повеќе активности во текот на целата година за да биде компетитивен во однос на останатите апликации, рече Стојчевски.
Повикот за Развој на поединечни проекти е наменет за независни аудиовизуелни продуцентски компании кои постојат најмалку 12 месеци во однос на датумот на пријава на проектот, а главен услов, рече Стојчевски, е дека компанијата треба да покаже дека има продуцирано најмалку еден проект во последните пет години.
- Тоа не е проблем како услов, но проблем е условот тој проект да е интернационално дистрибуиран барем во една земја различна од матичната. Не на фестивалско прикажување, туку во кинодистрибуција, додаде Стојчевски.
Најголемата сума се доделува за развој на анимиран филм (60.000 евра), 25.000 за креативен документарен филм, а кај играните има услов доколку буџетот е под 1,5 милион евра поддршката е 30.000 евра, а ако е над 1,5 милион евра поддршката е 50.000 евра.
На инфоденот присуствуваше Ева Бразџионите од Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА ово Литванија која зборуваше за искуствата во нејзината земја.
Членки на МЕДИА се 28-те земји на Европската Унија, како и земји кои целосно учествуваат во МЕДИА а не се членки на ЕУ - Исланд, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како земји кои делумно учествуваат - Грузија, Молдавија, Украина.
Македонија се придружи кон МЕДИА во јули 2015 година, а Канцеларијата во Македонија, како дел од Агенцијата за филм, почна да работи во април 2016 година
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности