Инфлацијата за октомври за храната ќе биде под 2 отсто, вели Бектеши
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека инфлацијата во делот за храната за месец октомври ќе биде под 2 отсто, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена.
-Според моите првични податоци за месец октомври кои ќе ги објави Државниот завод за статистика следната недела инфлацијата во делот на храната ќе биде под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена споредено со претходниот месец и тоа е како резултат на мерките кои ги усвои Владата, посебно Министерството за економија, рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју во Тема на денот на ТВ Сител.
Министерот потенцираше уште еднаш дека мерките се носени во постојана комуникација, состаноци со сите засегнати страни од производителите и до дистрибутерите и ланците на супермаркети. Упати порака до сите ланци на супермаркети, по добиените пријави од дистрибутери и производители да не бараат прикривање на одредени давачки.
-Имаме пријави од дистрибутери и производители дека од нив се бара одредени давачки како што се рабат, рекламирање, маркетинг и слично да се прикријат, им порачувам на супермаркетите да не го прават тоа, затоа што го знаат Законот за потрошувачи. Да не се доведеме повторно во ситуација, дел од големите ланци на супермаркети да бидат затворени. Но, овој пат тоа нема да трае само пет дена, овој пат ќе трае 30 дена, рече министерот Бектеши.
Ново на Сител
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот