Инфлацијата во Албанија во ноември 3,9 отсто
Ноемвриската инфлација во Албанија достигна ниво од 3,9 отсто, што е благо зголемување споредено со октомври, кога таа изнесуваше 3,8 отсто, соопшти Институтот за статистика, ИНСТАТ.
-Инфлацијата во текот на оваа година се задржува над целта на Централна банка, поради високите цени на храната. Оваа група во текот на ноември бележи пораст од 2,9 отсто. Влијание имаат и цените на кириите, мебелот, апаратите за домаќинство, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, како и алкохолните пијалаци и тутунот, наведува ИНСТАТ.
Од подгрупите, цените кај зеленчукот и понатаму растат со двоцифрен број, како и кај овошјето и млечните производи и јајцата.
Намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, од рекордните нивоа во текот на 2022 година, најмногу помогна во ублажувањето на инфлацијата.
Централна банка на Албанија на 1 ноември ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 3,25 отсто, поради, како што тогаш рече гувернерот Гент Сејко „кризата со цените која продолжува силно да се чувствува”.
Според него, банката предвидува во втората половина на следната година инфлацијата да достигне ниво од три отсто.
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче