Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат
Инфлацијата почна да се смирува. Државната статистика објави дека трошоците за живот во март изнесуваат 2,7 отсто и во однос на февруари истите се пониски за 1,3%. Владините мерки за замрзнати цени и ограничени маржи вродија со плод, велат надлежните. Над 1,000 прехранбени производи се продаваат поевтино од 1 март и токму поради тоа намалувањето на цените кај храната е најголемо.
-Со намалување, односно ограничување на маржата на храната и пијалоците кои беа опфатени со владината мерка, според статистиката и поевтинувањето е најголемо. Од февруари до март намалувањето овде е за цели 3%. Мислам дека најмногу даде резултат и контролата кај најголемите увозници на овошје и зеленчук, каде во 3 најголеми субјекти се констатираа големи неправилности, односно енормно високи маржи, изјави заменик министерот за економија Марјан Ристески.
Најголем годишен скок на цените статистиката регистрира кај мастите и маслата, кои поскапеле за 10%. За скоро 5% поетинила само рибата и морските плодови. Лебот, житатат и месото скоро и да немаат промена во цената, додека овошјето и зеленчукот се продаваат за над 5, односно скоро 3,5 отсто поскапо.
Владините мерки завршуваат крајот на април, потоа ќе се одлучува дали и какви чекори ќе се преземат. Во меѓувреме, обајвен е и Правилникот во Службен весник, според кој сите трговците ќе треба да ги објавуваат цените на производите, така што ѓраѓаните ќе можат да проверат каде им е најисплаливо да пазарат.
-Треба да ги објават кон крајот на април, закоснки имаат рок од 45 дена по објавување во Службен весник. Трговците имаат капацитет и имаат доволно време да ги подготват веб страните, така што граѓаните ќе моат во секое време да ги гледаат цените и да си одлучат каде ќе купуваат, однсоно каде им е најевтино да пазарат, за да си го заштитат стандардот, додава Ристески.
Министерството за економија веќа ја изготви просечната потрошувачка кошница, која се чека да ја усвои Владата. Ристески открива дека ќе ги содржи неопходните основните прехранбени и земјоделски производи, вклучувајќи го сезонското овошје, карактеристично за периодот кога се консумира, а не како кошничката на Синдикатаот, каде црешите и лубениците се пресметуваа во зимскиот период.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар