Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации

Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.
На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји.
„Ова се прашања што ќе ги разгледаме по СП 2026. Мислам дека е важно кога сакате да организирате Светско првенство, да го направите тоа за целиот свет. Не само за Европа и Јужна Америка, туку за целиот свет. На секоја нација треба да ѝ се дозволи да сонува за учество на Светското првенство. Можете да видите дека квалитетот на репрезентациите е исклучително висок и станува сè повисок низ целиот свет“, изјави Инфантино во интервју за швајцарската телевизија „Блу Спорт“.
Според Инфантино, организирање на СП 2026 со рекорден број од 48 репрезентации се покажало како „полн погодок“.
„Ако не им дадете шанса на помалите земји да учествуваат на Светското првенство, тие нема да имаат поттик за понатамошно подобрување. Секој тим играше на високо ниво. Репрезентациите од сите континенти постигнаа голови и освоија барем еден бод. Девет од 10 африкански репрезентации стигнаа до нокаут фазата. На последното Светско првенство во 2022 година настапија само пет африкански репрезентации. Тоа само покажува колку е важно да се вклучат сите тимови, да им се даде оваа можност да учествуваат“, додаде Инфантино.
Следното Светско првенство во 2030 година заедничко ќе го организираат Мароко, Португалија и Шпанија, а домаќин на мундијалскиот турнир во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија.
МИА
Ново на Сител
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
