-->
-->
Инфантино го укинува Купот на конфедерации
-->

Купот на конфедерации кој на 17 јуни ќе почне во Русија, би можел да биде последен што ќе се одржи бидејќи ФИФА планира да го укине ова натпреварување.
Купот на конфедерации се игра една година пред светското првенство во земјата која е домаќин на Мундијалот.
Оваа година во Русија турнирот ќе се одржува од 17 јуни до 2 јули, а покрај домаќинот ќе учествуваат Германија (сцетски првак), Португалија (европски првак), Австралија (шампион на Азија). Камерун (шампион на Африка), Мексико (победник на Купот на Северна, Централна Америка и Карибите), Нов Зеланд (шампион на Океанија) и Чиле (шампион на Јужна Америка).
„Доколку во 2021 година нема да се одржи Купот на конфедерации, нема да бидам несреќен. Мислам дека истото важи и за другите учесници“, рекол германскиот селектор Јоаким Лев.
Германскиот селектор на Купот на конфедерации ќе настапи со подмладена репрезентација, во чиј состав ќе има само тројца играчи кои учествуваа во походот на светската титула во 2014 година.
Купот на конфедерации не привлекува големо внимание и најчесто е најгледано во земјата домаќин. ФИФА организацијата ја презеде во 1997 година.
За овогодишниот Куп, интересно, чилеанските навивачи купиле повеќе билети од навивачите на Германија.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во склоп на својата кандидатура најави дека ќе го разгледа барањето Купот на конфедерации да биде укинат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
