Индустриското производство во јули помало за 2,2 отсто
Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули 2016, е помало за 2,2 отсто. Во периодот јануари - јули 2017 година, во споредба со истиот период лани, пак, е поголемо за 0,7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули бележи опаѓање од 3,4%, во секторот Преработувачката индустрија од 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 2,1%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во производството на облека, на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производството на машини и уреди.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2017 година, во однос на јули лани, бележи пораст кај Енергија за 0,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6%, Капитални производи за 2,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 14,2%.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта