Индустриското од почетокот на годината расте, во октомври бележи пад
Индустриското производство во октомври 2016 година, во однос на октомври лани бележи опаѓање за 3,6 проценти, а во периодот јануари-октомври 2016 во однос на тој период лани има зголемување за 4,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,5 проценти.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 4,2 отсто, Капитални производи за 18,3 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 73,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16,9 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето