-->
-->
Индонезија: Околу 200 затвореници избегале од затвор
-->
Околу 200 затвореници на Суматра, остров во Индонезија, ја скршија капијата близу џамијата во рамките на затворскиот комплекс и избегале, соопштија денеска официјални лица. Како што наведуваат, тие ја искористиле утринската молитва за да избегаат, пренесува Танјуг.

Според зборовите на директорот на регионалната канцеларија на Министерството за правда, претходно, затворениците во тој затвор, се жалеле на третманот и ги обвинувале чуварите дека се насилни.
- Тоа предизвика инцидент пред петочната молитва, рече тој, додека потпаролот на полицијата истакна дека од 200 лица кои избегале, фатени се 77 затвореници и вратени во затворот.
Како што се наведува, иако во затворот има место за 700 затвореници, во него моментално се наоѓаат околу 1.800.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
